„Фалангата“ е подготвена за навивање – Македонија против брзата Холандија!

Денес ќе се одиграат натпревари од четвртиот ден од 29. издание на Светското првенство во ракомет.

Македонската „фаланга“ одново е во центарот на вниманието како најорганизирани навивачи, кои со срце и душа навиваат за Македонија, од нивни грла ечи македонската химна, македонски песни, „фалангата“ силно ја бодри Македонија.

Одигравме квалитетен и одличен натпревар против Унгарија, македонската јавност е горда на избраниците на Кирил Лазаров, иако можевме и до победа, но и поклонивме бод на Унгарија откако ремизиравме играјќи 27:27.

Пред Македонија денес е предизвикот против брзата Холандија, држава која вложува сериозно во ракометот, а со тоа репрезентацијата има голем напредок.

„Фалангата“ е подговена за бодрење и против Холандија, македонските репрезентативци се подготвени за мегдан Холандија. Дојде време да се израмнат сметките и да им вратиме на холаѓаните за Светското првенство од 2023 година кога загубивме со 24:34.

Македонија сега е подмладена, кај дел од играчи фали искуството, но едно е сигурно доаѓа времето на новата генерација. Со силна верба и поддршка од македонските навивачи кои ќе бидат во голем број и повеќе од јасно ќе доминираат во однос на навивачите од Холандија, Македонија оди по победа на Мундијалот. Варажин е во жолто – црвени бои, а насекаде се пејат македонски песни и во еден глас се вели храбро за Македонија.

Александар Ванев, М-Нет