
Прволигашот Гостивар дефинитивно си замина од градот и натпреварите во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига ќе ги игра на нов терен.
Ќе следува голема реконструкција на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Скопје, каде ќе игра Гостивар, а прволигашот го пријави и Градскиот стадион во Штип како алтернативен терен, кога во случај нема да може да се игра на „Борис Трајковски“, екипата на Гостивар ќе игра во Штип.
Гостивар веќе ја пресели својата тренинг база на теренот во Петровец, со што дефинитивно Гостивар повеќе нема да има никакви активност на Градскиот стадион во Гостивар, каде ќе настапува новиот прволигаш Беса од Добри Дол.
Тоа ќе значи дека штипјани ќе имаат можност одново да следат прволигашки фудбал, откако минатата сезона Брегалница испадна од елитата. Брегалница во новата сезона ќе настапува на Градскиот стадион во Штип, а како алтернативен терен штипјани го пријавија стадионот во Пехчево.
Александар Ванев, М-Нет