Прилеп го потпиша младиот Филип Адамчески

Ракометниот суперлигаш Прилеп за новата сезона претстави уште засилување, станува збор за Филип Адамчевски, кој доаѓа од младинската школа на прилепскиот клуб.

Адамчевски игра на позицијата лев бек, а својот понатамошен професионален развој ќе го продолжи во рамки на ракометниот клуб Прилеп.

Прилепчани за новата сезона ги задржаа Бикоски и Крстески, а ростерот е засилен со босанскиот бек Јеремиќ, Тренчевски, Илиески и Христоски.

Во период од 29. август до 1. септември ќе се одигра 9. Меморијален меѓународен ракометер турнир „Миле Нешкоски“, а на кој Прилеп ќе ја темпира формата преку одигрување на натпреварите за новата сезона.

Минатата сезона Прилеп заврши на првото место во плеј-аутот во Суперлигата и со тоа го избори опстанокот.

Александар Ванев, М-Нет