Денес за првпат ,,Марш за ангелите“ во Штип, започнува од 16:05 ч.

Денес Марш за ангелите во Штип, започнува од 16:05 минути на градскиот плоштад Слобода. Истиот ќе се одржи од 16:05 минути од градскиот Плоштад Слобода. Предвидено е обирањето да почне од 15:50 минути. Родителите на загинатите ги повикаа сите кои што имаат чувство да им се придружат на 41 виот по ред марш за нивните 63 ангелчиња. Како што изнестуваат од здружението на граѓани 16 март 2025 година Кочани, правдата не смее да доцни и дека сите ќе чекорат мирно и достоинствено и гласно ќе потсетат дека нивните најмили не смеат да бидат заборавени

“Ве повикуваме да ни се придружите на 41-виот Марш на ангелите.

Штип – Плоштад „Слобода“

18.04.2026 (сабота)

Собир: 15:50 часот

Почеток на маршот: 16:05 часот

Ова не е само марш. Ова е чекор за сеќавање. Чекор за вистината. Чекор за правда.“, велат од здружението

Инаку, во пожарот животот кој се случи на 16 март 2025 во дискотетката Пулс во Кочани, животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. Неколку повредени се уште се лекуваат. Судењето се уште е во тек.

Иван Митев, М-Нет