
Скапи или реални цените за овој период од годината на пазарот во Штип. Првите летни овошки ретко можеа да се најдат за помалку од 200 денари за килограм. Граѓаните велат дека цените се високи, но додаваат дека овошје мора да се јаде. Поради поскапувањата, наместо по цел килограм, најчесто купуваа по помали количини. И покрај високите цени, тезгите беа посетени уште од раните утрински часови.
Продавачите велат, цените на зеленчукот и овој петок се исти како претходниот. Единствено додаваат покачена е само цената на морковот, кој во моментот изнесува 100 денари за кило. За цената на овошјето велат дека е како и секоја година во овој период од годината.
Инаку од овој петок започна продажбата и на црешата и праската, кој засега држат висока цена. Иако цената достигнуваше и до 220 денари за килограм, сепак граѓаните додадоа дека купуваат по пола килограм, колку да им помине меракот.
Иван Митев, М-Нет