Прва лига Футсал: Астибо ќе гостува на Велес а Мал Ајакс на Шкупи

Футсал екипите на Македонија забрзано ги играат натпреварите од оваа сезона. Синоќа се одигра претпоследниот натпревар од ова 9 коло во кое тимот на Железарец славеше победа против екипата на Карадаку изразена со резултат 8:3. Вечерва ќе се одигра последниот меч од 9 коло во кое ќе се сретнат екипите на Јувентус Серава и Кратово. Веќе утре, Петок продолжува првенството со натпреварите од 10 коло. Ова воедно ќе биде и претпоследно коло кое ќе го отворат екипите на Велес и на штипски Астибо . Останатите 5 средби ќе се одиграат комбинирано во деновите од претстојниот викенд. Вториот штипски прволигаш Мал Ајакс ќе гостува на Шкупи. Еве ги комплетните парови за ова 10 коло:

18.12.2020 г. Велес – Астибо

19.12.2020 г. Проект Цико – Црна Река

20.12.2020 г. Шкупи – Мал Ајакс

20.12.2020 г. Карадаку – Арбен Бајрами

20.12.2020 г. Кратово – Железарец

21.12.2020 г. Кеги Моби – Јувентус Серава

Сите натпревари ќе се одиграат строго по здравствениот протокол без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk