Со самоволна граѓанска иницијатива за собирање отпад до здрава и чиста средина во Штип

По граѓанска иницијатива денеска во Општина Штип се собираше отпад на повеќе локации низ оптшината. Позади Мирјанина црква, утринава отпад собираа дечиња, под орагнизација на повеќе планинарски друштва и организации, со цел зачувување на чиста, здрава, зелена околина.

„Ова е еден апел до сите наши граѓани да несебично влегуваат во вакви акции бидејќи само на овој начин ќе можеме да ја одржуваме природата и средината чисти каде нашите дечиња ќе може да растат во една здрава, чиста и зелена околина„- порача градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.

Еколошката зрелост на штипјани видена и забележана на лице место. Гордоста е заедничка за сите, истакна Кристина Сандева од планинарското друштво Колоритни.

На денешната граѓанска иницијатива присутен беше и Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

„Навистина треба да дадеме еден пример посебно овие млади луѓе кои што се овде со нас не само со акцијата на чистење туку ова треба да ни прерасне и во една навика да се создаде свест кај себе и кај сите останати луѓе.“ – истакна Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Директорот на ЈП „Исар“ Здравко Коцев, посочи дека ги очекуваат уште многу вакви акции на разни локации, со собирање на ѓубрето до почист Штип.

Коцев апелираше да се земе пример од денешната самоиницијативна граѓанска акција за чистење на ѓубрето, и да не се дозволи повторно ваква грда глетка.

Лаура Стојанова М-Нет