Празот и зелката како ,,алва“ пред Митровден, почна продажбата и на мушмули

Празот и зелката ден пред Митровден одат како алва на пазарот во Штип. Граѓаните во првиот петок од ноември речи си подготвени за зимата, кошниците полни со сезонски зеленчук. Цените и овој петок остануваат идентични со минатонеделните, нешто пониски, а дел и непроменети. Најголем метеж има пред тезгите со праз, зелка и пиперки. Штипјани велат, без домашна зимница нема зима.

Дека зелката денес е меѓу најбараните производи, согласни и продавачите. Велат цената оваа година е 40 денари за килограм, а квалитетот е докажан со годините наназад. Истакнаа дека овој петок пред Митровден е речиси задоволителен.

Инаку, овој петок почна да се продава мушмула, која држаше солидна цена. Се продаваше свежа марула, млад кромид, последен пипер произведен од нива, тазе изваден компир, како и многу чаеви и зачини, корисни за во кујна.

Иван Митев, М-Нет