
На 06.11.2025 во 21:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода К.Г.(68) од Свети Николе, по претходна пријава дека околу 20:25 часот во двор од куќа замавнувал со метална шипка кон лице од Свети Николе и му упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.