
Поевтин пазар за разлика од претходно велат штипјани. Цените се прилично ниски, но недостасуваат пари на граѓаните. Штипјани велат дека пред да купат некој производ најпрво го шетаат пазарот и купуваат од тезгата на која што е најевтина робата. Штипјани велат дека овошјето е многу скапо, па затоа периодот одбираат да купуваат зеленчук и го наоѓаат по ниски цени.
Денеска гледам многу поевтино. Овошјето ни е скапо, колку и да е потребно скапо е. Ако се повеќе членови во семејството од петок до следниот треба да купат барем по два до три килограми. За овој период убаво е од кочанскиот крај, штипските оранжерии и Куманово, а се она што е увозно се разликува.
Претходниот петок беше поскапо во споредба со нашите услови и не е евтино. Зеленчук, пиперки, домати компири.
„Повеќе овошје, зеленчук тие работи. Право да ви кажам овде пензиите се многу мали, не е лесно за купување. Секогаш ќе го прошетаме пазарот по два до три пати за да најдеме нешто поевтино.“
Производителите на робата која се продаваше на штипскиот пазар велат дека ова е втора недела како продаваат на полузатворениот пазар. Побарувачката е голема, па на дел од тезгите производите беа преполовени.
Цените на пазарот се исти како претходно, побарувачката е иста за овој период, сега најбаран е зеленчукот. Убаво е не е лошо, нов амбиент нов пазар добро е. Тешко е ама ние сме професионалци од тоа живееме и мора да работиме.
Јас сум од Карбинци производител на земјоделски култури пазарот е добар. Побарувачка секогаш има но тоа зависи кој колку има во својот џеб.
Производителите велат дека тешко е да се работи, но тоа е работата од која се хранат и печалат. Велат дека цените можеби се скапи на купувачите, но сепак мора и тие да спечалат нешто и да ги покријат трошковите со кои се соочуват при производство.