
Проблемите со водоснабдувањето се дел од секојдневието на жителите во село Црвулево. Велат дека деновиве водата е пуштена но не се знае кога пак ќе прекине. Водата од резервоарот што се наоѓа во планината е доволна само за неколку дена но подоцна повторно ја нема. Иако е чиста сепак интензитетот не е доволен за пиење, перење, наводнување на земјините површини. Секој успева да се снајде онолку колку што може. Одреден дел од жителите набавувале вода од Карбицни за стоката други копале бунари во дворовите, трети ја носеле со буриња. Ама, моментално водата е пуштена и не се забележани никакви пречки.
„Сега има сега е пуштена моментално водата , а до кога ќе биде не се знае. Цевки, имаме проблеми во оваа нашата вода од природниот пат вода ама сега откако ја пуштија оваа вода нема проблем. Сега за сега вие два три дена “
„Тие што имат вода од резервоарот тие можат да кажат дали има вода или не. Ние си имаме вода бидејќи копавме бунар, претходно немавме вода се молевме на Карбицни да ни донесат вода за стоката. Кажуваа соседите дека немало вода некни, а сега дали има или нема не можам да ви кажам ништо.
„Има засега овие два три дена, веќе трет ден има. Колку ќе има до кога ќе има не знам. Викаат во Злетовица била пуштена а дали е пуштена или не никој не ни е кажал. Чиста е пиеме од неа ,па ништо не ни се случе овие денови. По еден ден дојде после цела недела нема. И така полниме во буриња или ги носат децата со трактор или кола за да има за кокошките, да се измие човек не е само за пиење. Треба да се користи реално и убаво. Не кој на како му текнува“
Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов е дециден дека моментално тековно се работи на теренот со водоснабдувањето во Црвулево. Тврди дека проблемот со кој се соочуваа граѓаните подолг период особено за време на високите летни температури ќе стане минато.
„Преку хирдосистемот Злетовица за ова населено место значи работиме тековно различно според проценката како би функционирало пуштањето на вода поединечно во секое населено место. Така што село Црвулево веќе официјално сметам дека нема да има проблеми во текот на целата година и летен период каде што најмогу го чуствуваа граѓаните“ посочи Паунов
Моментално се работи на пробно тестирање со водоснабдувањето во осум населени места . Очекува водоснабдувањето во другите населени места кои се опфатени во овој проект,редоследно да бидат пуштени во употреба со претходно тестирање. Со цел целиот систем за водоснабдување преку филтер станицата да биде пуштен во употреба во сите осум населени места.
Лаура Стојанова ,М-Нет