
Една недела пред Задушница граѓаните веќе почнаа да купуваат бардачиња, производи од глина. Побарувачката е забележителната и на тезгата на Љупчо Лазаревски од Злетово кој секој петок е на пазарот во Штип. Вели дека пред Задушница граѓаните ја продолжуваат традицијата и купуваат бардачиња, и на вакви денови потрошувачката е зголемена. Од 100 до 150 денари секој си дозволува да купи барем по еден производ бидејќи таква е традицијата. Поголема побарувачка се очекува и наредниот петок.
„Купува, таа традиција си ја зачувуваат. За тој ден се купува бардаче, бокалче, вазничка. Бројот на купувачи е речиси ист секоја година. Нема помалку, повеќе. Кој мисли да си купе – купува.“ – вели Лазаревски.
Работа има многу кога е во прашање изработката на бардачињата. Се се прави рачно вели Лазаревски кој ова го работи повеќе од 20 години. Трпение е потребно и љубов кон работата, за да се добие краен производ. Околу 300 производи беа пласирани на пазарот само денеска, а во зависност од побарувачката нивниот број до петок може и да се зголеми.
„Рачно се прави, па се тава рачката, се сушпе па потоа се пече.“ – додава Лазаревски.
Бардачињата и производи од глина се традиција која се практикува, а граѓаните ги купуваат и носат на гробишта.
Лаура Стојанова М-Нет