
Вечерва на Локубија, пред Споменикот на слободата во Кочани по педесет и семи пат ќе започне Драмскиот аматерски фестивал популарниот ДАФ.
Монодрамата на Тихомир Јанчовски ќе го означи стартот на годинешниот фестивал под отворено небо.
„ Пред најавената бројна публика на кочанскиот амфитеатар веќе се завршени сите протоколарни подготовки “,соопштија организаторите.
„Лидија ,или се што знам за жените“ е дело на надежниот автор инспирирано токму од животот и енергијата на неговата сестра познатата новинарка Лидија Јанчоска. Фестивалот ќе трае до средината на Октомври и со тоа ќе биде преќината децениската мајска традиција за одигрување на овој уникатен настан.
ДАФ е само дел од планираните вечерни активности по повод одбележувањето 76 годишнината од ослободувањето на градот Кочани. На оваа манифестација, градоначалникот Николчо Илијев ќе врачи благодарници за подршка во реализација на проекти.Со благодарници и награди ќе се заќитат и учениците на генерацијата кои ќе бидат и дел од делегацијата која ќе положи цвеќе пред Споменикот на слободата и спомен бистите на народните херои Љупчо Сантов и Раде Кратовче.
„Седми септември 2020 година засекогаш ќе го запаметам како значаен датум во мојот живот “
изјави мултиталентираната Наталија Теодосиева
Теодосиева е овогодинешната добитничка на наградата за значајни остварувања. Наталија е дел од успешниот тим артисти во култното филмско дело „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски.Таа повторно овојпат во улога на посетител вечерва ќе го проследи филмот кој алудира на уште едно ремек дело во оваа уметност.
Годинешната награда за животно дело ќе ја понесе еден од основополжниците на дел од современата култура и негување на ргадициите во Кочани –Васил Ангелов.