Почна конкурсот за упис во средните училишта, предвидени 25.000 ученици, бројот опаѓа

Во тек е конкурсот за упис во средните училишта во државата, предвидени 25.000 ученици, од кои 17 000 само во средно стручно образование. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на денешната прес-конференција истакна дека досега се потпишани повеќе од 800 договори со компании за стимулирање на стручното образование и пополнување на празнините на пазарот на трудот. Таа предупреди дека државата има сериозен проблем со намалувањето на бројот на ученици.

,,Оваа година имаме околу 25.000 ученици, кои би требало да влезат во средното образование. Од оваа бројката, предвидени се 17 000 во средно стручно образование, а дуалното обраование секако ќе биде фокус. Досега имаме потпишано договори со над 800 компании и продолуваме да го стимулираме среднот стручно образование, за да ги пополниме празнините околу пазарот на труд или она што им е потребно на компнаиите за да се подобри производството. Конкурсот е денес објавен, па ќе видиме какви ќе бидат на крај резултатите.“; вели Јаневска

Јаневска е децидена дека целиот образовен систем трева да се прилагоди на реалнсота, што би значело дека повеќе нема да има паралелка со пет или 10 ученици. Ова дополнително ја отежнува ситуацијата и на учениците и на државата.

,,Ние имаме сериозен проблем во државата со намалување на бројот на учениици. Сега ќе видиме, да заврши конкурсот средно, да видиме колку точно ни завршиле основно и ако треба, ние бројките ги имаме, но реалносите да ја видиме. Да видиме колку ќе ни се запишат во средно училиште и ќе мора целиот образовен систем да го прилагодиме на реалноста. Тоа значи повеќе не можеме да имаме, но и државата нема да може да издржи, тоа е второстепено, а првостепено што тоа е многу лошо за учениците. Не е во ред да имаме ученицити во паралелка, парелелка со 7 или 12 учленици, кога сите овие три можат да формират парлелка. Ќе видиме каде треба да се гради, каде не.“, додава Јаневска

Jаневкса потенцираше дека во Македонија, постојат училишта каде што се среќава во една паралелка да има и по само 10 ученика, кое не е добро ниту за државата, ниту за самите ученици. Како што кажа ова мора да се реши во корист на децата. Од една страна ќе можат да се натпреваруваат, надградуваат и усовршуваат во поголемата група, а од друга страна ќе помогнат и во работниот процес.

Иван Митев, М-Нет