
ЈП Исар најавува кривични пријави поради нов бран вандализам покрај реката Отиња во Штип. Саксиите и зеленилото долж шеталиштето повторно биле мета на уништување, откако синоќа група млади лица кршела жардињерии и расфрлале цвеќиња, оставајќи зад себе хаос што предизвика револт кај очевидците.
Од ЈП информираат дека ќе поднесат кривична пријава против сторителите за кои веќе имаат обезбедено докази, вклучително и видео снимки. Оттаму нагласуваат дека не станува збор за изолиран случај, туку за повторувачки проблем, при што за дел од претходните инциденти веќе се водат постапки.
„За сите сторители на овој вандалски чин, за кои постои доказен материјал, ќе бидат поднесени кривични пријави. Во тек се постапки и за претходните слични случаи. Ваквото однесување нема да се толерира. Се апелира до граѓаните да пријавуваат вакви инциденти и да помогнат во заштитата на јавниот простор.“, велат од ЈП Исар
Граѓаните на терен се револтирани, велат само казните се спасот за овој злочин. Лути останаа, истакнувајќи дека без култура нема иднина.
Инаку, овој злочин, веќе неколку пати само оваа година се повторува во Штип. Овој вандлизам го имаше и во претходните месеци. Штипјани и понатаму со голема поддршка до институциите, да казнуваат , за да се стави крај овие злочини, кои ја уништуваат сликата на градот.
Иван Митев, М-Нет