
За пролетната полусезона во Втората лига, екипата на Борец се засили со три играчи, кои денес тимот ги промовираше. Се работи за Един Мерсовски, Дамјан Зенговски и Алекс Митров, кои го облекуваат дресот на фудбалската гордост на Велес.
30-годишниот Мерсовски има големо и богато прволигашко искуство и треба да биде големо засилување за тимот на Горан Симов. Низ својата кариера беше дел од Кораб, Гостивар, Хоризонт Турново, Кожуф, Работнички, Металург, Вардар, во Борец всушност е повратник.
Дамјан Зенговски има 19-години игра на позицијата десен бек, а во Борец доаѓа од редовите на Вардарски.
Ново име во редовите на Борец е и Алекс Митров, која исто така има 19 години, а доаѓа од тимот на Триестина од Италија. Митров потекнува од школата на Јанг Бојс, а во Македонија уште настапуваше и за Беласица од Струмица.
Борец во сабота ќе гостува кај Башкими во рамки на првото пролетно коло.
Александар Ванев, М-Нет