Почина 18 годишен возач на мотоцикл

Рано изутрина, околу четири часот, во сообраќајна незгода на регионалниот пат Кочани – Зрновци, во близина на место викано „Дива топола“ едно лице го загуби животот.

Имено, во СВР Штип било пријавено дека мотоцикл „кимко“, со кочански регистарски ознаки, управуван од 17 годишниот В.А. од с.Зрновци излетал од коловозот.

По незгодата В.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде за жал им подлегнал на повредите.

Со телесни  повреди се здобил сопатник, 26. годишен С.П. од с.Соколарци. 

Од страна на увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани извршен е увид на местото за што е запознаен и Јавен обвинител.