Најголемите бази на научни податоци Скопус, во иднина многу блиску до студентите на УГД Штип

Универзитетот последната година направи одредени чекори во правецот на достапност на литературата, со што после долги преговори моментално се наоѓа во фаза на склучување на договор со една од најголемите бази на научни податоци „Скопус“, вели рекоторот на универзитетот Дејан Мираковски. Со ова ќе се овозможи на студентите и вработните во универзитетот простор и услови за истражување и израмнување на условите кои ги имааат Европските институции.

„Долги години се зборува за достапност, недостапност на литературата, големите бази. Универзитетот последната година направи одредени чекори во тој правец и после подоги преговори успеавме да дојдеме до фаза во која веќе е одобрено и во скоро време ќе се склучат договори со една од најголемите бази на научни податоци „Скопус“, база која вклучува 28 илјади журнали.“ – изјави Мираковски

Посочиа дека базите кои ги објавуваат најновите научни содржини сега ќе бидат достапни за сите професори и студенти во сите циклуси на универзиетот. Со што ќе се отвори нов свет на нови трудови кои ќе можат да бидат користени од страна на студентите и вработените.

„ Еден од многу важните сегменти е пристапноста до соодветната научна литература. Општо е познато за да се добие идеа, за развивање одредена соработка. Науката сама по себе не е на локално ниво, туку е на глобално ниво. За да се знае до каде се трендовите треба да се има достапна литература.“ – изјави Стојановска

Проректорот проф. Стојановска вели дека до сега во Македонија цела наука функционира со тоа што во сите списанија за да се добие пристап до одреден труд, треба да се изврши одредена уплата. Децидна дека единечнта уплата е од 30 до 50 евра.

Лаура Стојанова, М-Нет