Пороен дожд, утра под нулата и можност од излевање на помалите реки и суводолиците

Пороен дожд, утра под нулата и можност од излевање на помалите реки и субодолиците. Новиот пресврт со времето, од денес ќе трае се до петок, кога времето се очекува пополека да се стабилизира. Како што истакна дежурниот синоптичар Марија Цветковска-Атанасова, наместа утре се очекува да наврнат и до 30 литри на метар квадратен. Тврди дека се очекува и засилен до силен ветер, како и појава на грмежи.

,,До четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Денес и утре ќе има и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат и поинтензивни во форма на неверемно со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе наврнат и до 30 литри на метар квадратен. Дневната тмепература ќе биде во опаѓање, а во четврток утринската ќе се спушт и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен. Од петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Дневната температура ќе биде во пораст, до околу 25 степени.“, кажа Цветковска-Атанасова

Иако врнежите се добредојдени за овој период од годината, особено кога земјоделците имаат посеви, сепак хидролозите велат дека можни се излевања кај малите реки и суводолици. Хидрологот Атанаса Угрински посочи дека според најавите, поголемите реки немаат опасност од нивно излевање, со сепак апелираат на претпазливост кај суводолиците и малите реки.

,,Високи се водостоите и над просечни на реките низ земјата, меѓутоа овие количини дожд во нјаголем дел од реките не би требало да претставуваат опасност од излевања и ќе бидат можам да кажам одбредојдени во поглед на подобрување на хидролошката сосојба, пред се на природните и вештачките езера низ зејава. Сепак поради можност, бидејќи на некој од нумеричките модели даваат можност за локални поројни, интензивни краткотрајни врнежи. На некои места од дожд. И покрај тоа што нема опасност за поголемите реки од нвно излевање, апелираме на предпазливост покрај помалите реки и суводолиците.“, кажа Угрински

Согласно ситуацијата, ваквото нестабилно време се очекува да се задржи се до петок, а како што соопштуваат надлежните, потоа следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и дневните температури до околу 25 степени.

Иван Митев, М-Нет