
По вторпат годинава ќе се одржи турнирот во пелинство кој е во организација на боксерскиот клуб Фамилија Демирови, тренерот Тархан Демиров, за М Нет телевизија посочи дека ја продолжуваат традицијата со одржување на овој турнир.
Демиров очекува и годинава да има голем интерес како и минатата, со натпреварувачи од Македонија и странство.
„Секоја година го организираме турнирот во пеливанско борење во Пенуш, минатата година имаше голем интерес, но годинава очекувам поголем интерес, а годинава исто ќе го одржуваме по вторпат. Ги очекуваме сите заинтересирани за учествуваат, но исто така ја повикувам и публиката да дојде и да проследи интересни борби“, вели Тархан Демиров.
Тунирот е закажан за 30 април во Пенуш, а Демиров очекува силна поддршка и од штипската публика.
„Мислам дека годинава ќе има посилна конкуренција и дека ќе има многу повеќе публика. Турнирот ќе се одржи на 30 април. Ќе имаме и учесници како искусниот Дејан Митров, но и многу други искусни натпреварувачи со што се потврдуваат нашите заложи за добар турнир. Има пријавено и натпреварувачи од Косово. Ги очекуваме и браќата Назифови да бидат дел од турнирот“, дополнува Демиров.
Како што посочи и Тархан Демиров, турнирот ќе прерасне во традиција, а интересот за овој спорт кој е близок до борењето слободен стил е во постојан раст во Штип.
Александар Ванев, М-Нет