Порече со висок триумф над Плачковица во Радовиш, три бода за Слободен и Конзули

ФОТО: Александар Ванев, забрането е превземање на фотографијата без добиена согласност!

Овој викенд беа одиграни натпреварите од 2. коло на Втората женска фудбалска лига, а на трите натпревари беа постигнати голем број на погодоци.

Екипата на Слободен забележа триумф од сигурни 0:2 на гостувањето во Велес кај екипата на Борец, а пак Порече од Македонски Брод имаше сигурна победа на гостувањето во Радовиш каде со 0:5 славеше над Плачковица.

Дербито се играше во Охрид, но тимот на Конзули со убедливи 1:5 го доби составот на Билјанини Извори.

Во однос на самата табела по шест бодови имаат Порече и Конзули, а по три бодови имаат Билјанини Извори и Слободен, екипите на Плачковица и Борец се без бодови.

Александар Ванев, М-Нет