
Шестата рунда на Првата женска фудбалска лига донесе изненадувачки резултати, многу погодоци и едно реми без голови.
Тиверија Брера на домашен терен ја доби Каменица Саса со 2:1 со што струмичанки кои годинава немаат амбиции за титула, но играат одлично со фудбалерки од својот погон надополните со неколку искусни имиња кои останаа од минатата сезона.
„Рударките“ иако промовираа нови засилувања со кои најавувааат атак на титулата, не играат според планот и едно е сигурно, Саса е далеку од тим да парира на Љуботен, но и во самиот шампионат за титула.
Кочани доживеа вистински дебакл откако на домашен терен беше поразен од Истатов со 0:8 во меч каде гостинот беше апсолутен фаворит и тоа го докажа на терен.
Минимална победа забележа Скопје на дербито со Ас Јунајтед од 1:0 на домашен терен, додека пак шампионот Љуботен со 1:5 славеше лесна победа над Речица во гости.
Натпреварот во Битола меѓу Топ Гол и Вардар заврши без победник (0:0) со што дебитантот освои голем бод на неизвесно гостување.
На врвот од табелата е Љуботен со максимални 18 бодови, Скопје е втор со 15 бодови, а пак Ас Јунајтед е трет со 13 бодови. Тиверија Брера сега е на 4. место со 12 бодови, а пак Истатов е петти со девет бодови, колку што има и Каменица Саса која е место подолу.
На седмата позиција е Топ Гол со четири бодови колку што има и Вардар кој е осми, три бодови има Речица како претпоследна на табелата, а пак Кочани е на дното со само еден бод.
Александар Ванев, М-Нет