Мицковски е лош пример за младите, лицемерен, незрел политичар, обвинува подмладокот на СДСМ

Младите социјалдемократи со остри критични ноти упатени кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. По повод денешното дефиле од Скопје до Штип, подмладокот на партијата на власт одржа прес конференција на експресниот пат Св Николе – Миладиновци. Стефан Васев, председател на овој огранок изјави дека Мицковски е најлошиот пример за младите бидејки се крсти во сиромашниот македонски народ кој му ја обезбедува фотељата, додека тој самиот парадира и иницира масовна парада на своите сопартици со луксузни автомобили. Симболично обезбедувајки им паркинг простор на учесниците во опзиционерскиот протест, подмладокот на светиниколскиот огранок на СДСМ јасно укажа дека на државата и е потребна конструктивна опозиција. Само угледна, народна, примерна и одговорна опозиција  и добра опозиција, наспроти  опозицијата на Мицковски која сеела демагогија.

Маре Стојилова М нет

Дарко Лазев М нет