
Остануваат уште три кола до крајот од Втората македонска фудбалска лига, а веќе утре ќе се одиграат натпреварите од 28. коло.
Поради Велигденски празници, наместо во 17 часот, натпреварите од оваа рунда ќе се одиграат во 13 часот.
Ова промена е веќе официјално потврда, па така и преносите од Втората лига на телевизија М Нет ќе започнат во 13 часот.
Првите три места веќе се потврди. Беса и Пелистер се нови прволигаши, а пак Детонит Плачковица ќе игра бараж за влез во Првата лига, но ќе продолжи само неизвесноста за тоа кои две екипи директно ќе испаднат, а која екипа ќе игра бараж за опстанок.
Александар Ванев, М-Нет