
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 30. коло од Првата македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди на Брера Струмица и Брегалница во Турново, Игор Иванов на Вардар и Македонија ЃП, Александар Грујоски ќе им суди на Воска Спорт и Силекс.
Јован Качевски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Работнички и Тиквеш, Марјан Младеновски ќе им суди на Струга и Гостивар, а мега-дербито на Чаир меѓу Шкупи и Шкендија ќе го суди Димитар Пилешков од Штип.
Натпреварите ќе се одиграат утре со почеток од 17 часот.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 30. КОЛО ПРВА ЛИГА:
Брера Струмица – Брегалница, Ивана Пројковска (Скопје)
Вардар – Македонија ЃП, Игор Иванов (Велес)
Воска Спорт – Силекс, Александар Грујоски (Кичево)
Работнички – Тиквеш, Јован Качевски (Струга)
Струга – Гостивар, Марјан Младеновски (Скопје)
Шкупи – Шкендија, Димитар Пилешков (Штип)
Александар Ванев, М-Нет