Пополнети сите сместувачки капацитети во Штип за „Пастрмалијадата“, подготовките се во тек

Пополнети сите сместувачка капацитети во Штип за престојниот викенд и одржување на манифестацијата Штипска пастрмалијада. Последните подготовки се во тек и се очекува голем број на посетители.

Овогодинешното издание на штипската Патрмалијада ќе биде на две локации, на шеталиштето Ванчо Прќе каде во петок на 19 септември ќе настапт локални бендови, и на градскиот стадион во Штип каде сабота 20 септември е резервирана за Елена Ристевска, Владо Јаневски и Дино Мерлин.

Како што истакна градоначалникот Иван Јорданов се очекуваат голме број посетители од регионот, државата и странство, добра музика, позитивни вибрации и пред голем број изедени пастрмајлии,

И оваа како и претходните години, ќе се сече џиновскаата пастрмајлија и ќе има натпревар во брзо јадење.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет