Вистински фудбалски спектакл вчеравечер доживеа Штип, се одбележа јубилејот 100 години постоење на ФК Брегалница

Вистински фудбалски спектакл вчеравечер доживеа Штип, се одбележа јубилејот 100 години постоење на ФК Брегалница. На Градскиот стадион, по долги години, се одржа незаборавен натпревар меѓу ветераните на Брегалница и легендарната Црвена Звезда од Белград.

На теренот се вратија големи имиња кои некогаш ги носеа боите на овие два клуба. Емоции, носталгија и спортска магија – сето тоа на едно место, пред преполни трибини и во атмосфера која ретко се гледа.

Брегалница во новата сезона од Втората македонска фудбалска лига влезе со една цел – да се врати во фудбалската елита на Македонија.

Инаку, Настанот ексклузивно се пренесуваше во живо на М Нет телевизија, а сите присутни си заминаа со едно чувство – гордост и благодарност што беа дел од овој јубилеен фудбалски празник.

Иван Митев, М-Нет