Промоција на Виктор Паунов, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ во Карбинци

Во трка за нов мандат, кандидатот за градоначалник на општина Карбинци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов, вчеравечер се обрати пред жителите во селото Таринци. На средбата во Домот на културата тој поднесе отчет за досега сработеното, а воедно испрати и низа ветувања – доколку повторно ја добие нивната доверба.

И понатаму Паунов ветува многу работа пред жителите. Дециден е дека општината Карбинци треба уште да се развива.

Како ќе се развива политичката трка во Карбинци – останува да се види, но јасно е дека следните недели ќе бидат решавачки за иднината на општината.

Дали отчетот на Паунов и ветувањата што ги даде ќе бидат доволни да добие уште еден мандат – ќе одлучат жителите на општината на изборниот ден.

Иван Митев, М-Нет