Половина јануари, а како да поминале два месеца – граѓаните внимателно трошат за да го издржат месецот

Дел од сметките за електирчна енергија веќе почнаа да пристигнуваат до граѓаните. Дел од анкетираните штипјани на терен велат дека се бележи благо покачување, но тоа е кај оние кои не се греат на струја или се помалку членови во семејството.Децидни дека мора внимателно да се троши овој месец, со оглед на фактот дека јануари навидум трае колку два месеца. Празници, високи цени на производите, повисоки сметки за струја го карактеризираат овој месец, па токму затоа најтежко е да се преживее од први до први. Некои трошат од своите претходни заштеди, други намалуваат во купувањето со цел да се преживее месецот и празниците достоинствено.

Поголем дел од анкетираните граѓани во Штип не се греат на струја и токму затоа потрошувачката како и сметката за електирчна енергија не е загрижуувачко голема. Но, друг дел велат дека со малите примања тешко го преживуваат месецот, особено кога во прашање е јануари.

Граѓаните очекуваат подобрување веќе наредниот месец, бидејќи февруари има само 28 дена. Се надеваат дека ќе можат да го поминат месецот со примањата кои ги имаат, бидејќи нема голем број празници и слави како и овој.

Грѓаните потенцираат и дека на соодветен начин се обидуваат да заштедат електрична енергија со што не би плаќале енормно високи сметки за струја.

Лаура Стојанова М-Нет