
Зоранчо Ангелов е новиот директор на виничката гимназија „Ванчо Прќе“. Колективот при СОУ „Ванчо Прке“-Виница информираше дека со Одлука на Училишниот одбор при училиштето и нејзино верифицирање од страна на Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков, на 14.1.2025, должноста Директор на училиштето, ја презеде Зоранчо Ангелов.
„По многу перипетии, претрпени неправди и притисоци врз вработените и нивните семејства сплотениот мнозински дел од колективот ја издвојува победата и беше назначен директор со мандат од 4 години. Уште еднаш сакаме да нагласиме дека оваа борба немаше никаква политичка, ниту, пак, партиска позадина, а единствен мотив беше менталното здравје, здрава работна и образовна средина на вработените и учениците.“ – стои во соопштението од мнозинскиот дл на колективот при виничката гимназија.
Инаку над 80% од вработените во ова училиште минатата година протестираа и ја бојкотираа наставата во училиштето заради назначувањето на нова в.д. директорка. Остварија и неколку средби со градоначалникот Петков со цел да се промени одлуката и училиштето да добие според нив соодветен директор.
Лаура Стојанова М-Нет