
Во недела се слави еден од најголемите христијански празници Богојавление или Водици. Во Кочани по традиција како и претходните години крстот ќе биде потопен во водите на Кочанска река од мостот во градскиот парк. Претходно од 8 часот ќе запоне светата божествена литургија.
„Во недела Македонската православна црква го чествува споменот на еден од најголемите празници тоа е Водици или Богојавление. Еден голем и значаен празник за нас христијаните. По традиција како и претходните години така и оваа по светата божествена литургија која ќе почне во 8 часот, со свечена литија низ централното градско подрачје ќе се фрли крстот во Кочанска река на мостот во градскиот парк“ – вели Арсовски.
По повод празникот Богојавление или Водици утре се пости, но бидејќи е сабота дозволено е потење со масло.
Во Кочани досега се пријавени над 20 верниици кои ќе скокаат по светиот крст. ВО Штип крстот ќе се фрла на две локации, а во Карбинци на три. Пријавувањето на верниците е до сабота, а треба да бидат полнолетни, да имаат потврда од матичен лекар дека се здрави и да бидат првославни.
Лаура Стојанова М-Нет