
Штип е дом кој треба да се развие во еден европски, безбеден, и модерен град со еднакви можности за сите. Одговорно и посветено работење вети кандидатот за градоначалник од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, д-р. Николов.
„Во следните 10 месеци, ќе се посветиме на реконструкција на главните раскрсници во градот и тоа: реконструкција на раскрсницата на улиците „Сремски фронт“ и „Борис Крајгер“, којашто ја поврзува населба „Сењак“ со останатиот дел од градот. Реконструкција на улицата „Панче Караѓозов“, на водоводната и канализациона мрежа, проширување на тротоарите и решавање на каналниот систем.“ – беше од ветувањето на Николов.
Во изминатите три години покажавме и докажавме како се гради по план, го градиме Штип за денес и утре, – стоеше во изјавата на Николов.
Лаура Стојанова М-Нет