
Покачена цената на пиперот и доматот, високите температури причина за слабото производство. Граѓаните се жалат, високи цени, а сепак ниски примања, тешко да се издржи до крајот на јули. Иако цената висока, сепак граѓаните децидни дека поради високите температури, по слаб е и квалитетот, ама сепак едногласни дека мора да се јаде.
Иако цените овој петок се повисоки на пиперот и доматот, сепак производителите задоволни од побарувачката. Велат дека високите температури и кај нив причина за високите цени.
Инаку, овој петок цената на лубеницата беше најниски до сега и истата изнесуваше 10 денари за килограм. Се продаваше и класја под цена од 100 денари за три парчиња, а се овој петок се бараше и краставицата.
Иван Митев, М-Нет