Познат редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

Државната изборна комисија денеска ги констатираше редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче.

Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите.

Кандидатите ќе бидат по следниот редослед на гласачкото ливче:

1.Стево Пендаровски

2.Гордана Силјановска Давкова

3.Стевчо Јакимовски

4.Бујар Османи

5.Билјана Ванковска Цветковска

6.Арбен Таравари

7.Максим Димитриевски