
Лидерот Кораб забележа убедлива победа од 0:4 над Сатеска во Волино, во меч од 11. коло од Трета лига – Југозапад.
Некогашниот второлигаш од Дебар кој е прв фаворит за бараж кој води во Втора лига до победата стигна со головите на Леши, Муча, Врлаку и Боличе.
Реми со по еден гол (1:1) во Кукуречани меѓу Светлост и Демир Хисар. Гостинот прв дојде до водство со голот на Дарко Ангелевски, а домашниот тим преку Христијан Крклински дојде до конечните 1:1 и бод за домашниот тим.
Реми и во Ресен меѓу Преспа и Влазними (2:2). Мехмед погоди за 1:0 во 11. минута, а по шест минути игра Шадов постигна гол за 1:1. Во 54. минута домаќинот одново дојде до водство од 2:1 со голот на Дафто, а во 71. минута Рочи постигна гол за конечни 2:2.
Кравари не го одигра мечот со Јанг Тим, откако оваа екипа се откажа од натпреварување, а во оваа коло слободна беше Лирија.
На врвот од табелата е Кораб со 24 бода, Лирија е втора со 17 бода, третото место го делат Демир Хисар и Преспа со по 16 бода, Кравари е петти со 15 бодови. На шестото место е Јанг Тим со девет бода, Влазними има 8 бода и се наоѓа на седмото место, колку што има и Светлост кој е место подолу, а на дното е Сатеска од Волино со шест бода.
Александар Ванев, М-Нет