
Матичните лекари денеска го стопираа своето рабитење во периодот од 12 до 16 часот. На ова се приклучуваат и матичните лекари од Штип, со цел да ја подигнат свеста за неблагодарната состојба во која се наоѓаат моментално. Бараат да се донесе Закон за заштита на лекарите, по случајот во кој беше убиен матичниот лекар во Скопје.
„Со краткотрајно неработење од 12 до 16 часот го искажуваме нашиот револт заради недонесувањето на Законот за заштита на лекарите и жалост за нашиот убиен колега матичниот лекар од Скопје. Денеска нема да работиме со цел да ја подигнеме свеста за нашата неблагодарна сосотојба во цела Македонија“ – вели Мешинкова.
Граѓаните на терен во Штип го поддржуваат матичните лекари. Велат дека заштита треба да има во секој сфера. Тие спасуваат живот, а нивните се во загрозувачка ситуација, велат штипјани на терен.
„Треба, за сите треба да има и за судиство и за општина и за сите треба да има поголема заштита, и правилници и закони.“ – велат граѓаните на терен.
Лекарот Ацо Трпковски беше пронајден мрвот со неколку убодни рани во неговото возило во четвртокот вечерта. Матичните лекари децидни дека е неопходно да се донсе закон за докторската дејност во која ќе се дефинифираат условите, правата и должностите на лекарите. И Лекарската комора реагираше со барање од надлежните брзо да се расчисти убиството на лекарот.
Лаура Стојанова М-Нет