Познат распоредот на натпреварите од Лигата на нации на женската А репрезентација на Македонија

ФОТО: ФФМ

Македонската женска А репрезентација во новото издание од Лигата на нации ќе се натпреварува со селекциите на Летонија и Косово во рамки на групата 6 од Ц сегментот.

УЕФА дополнително ги утврди термините за одигрување на натпреварите на македонската женска А фудбалска репрезентација предводена од селекторот Александар Андов за натпреварите против Косово и Летонија.

Македонија првиот натпревар го игра против Косово на 21. февруари 2025 година, а пак четири дена подоцна Косово ќе игра против Летонија.

На 4. април Македонија ќе игра против Летонија, а пак четири дена подоцна против Косово во гости.

На 30. мај следната година Македонија ќе игра против Летонија во гости, а на 3. јуни ќе се комплетира групата со мечот меѓу Летонија и Косово.

Ова е комплетниот распоред на нашата група во која Македонија игра со селекциите на Косово и Летонија.

Александар Ванев, М-Нет