
Палењето на стрништата од старна на земјоделците во кочанскиот регион не престануваат. И по мнгубројните апели од страна на наделжните оризопроизводителите повторно и повторно ги палат оризовите остатоци. Вчера ситуацијата беше алармантна, кога огнот вирееше на повеќе места покрај патот од Штип кон Кочани. Пламените јазли во 4 области беа најизразите, Противпожарната територијална единица Кочани беше на лице место и се бореше со огнот. Истиот е успешно изгаснат, но последици има, како материјални така и загадување на воздухот.
Штетите се огромни, прво по здравјето на граѓаните бидејќи загадувањето беше на виско ниво, а има и материјални штети. Целата противпожарна единица Кочани беше на терен и учествуваше во гаснењето на пожарите, оставени без резерва доколку не дај Боже се случеше друг пожар. Градоначалникот Николов повторно со нов апел до земјоделците да не ги палат оризовите остатоци.
Лаура Стојанова М-Нет