Позициско-опозициските препукувања го пролонгираат поставувањето на монтажните бараки на инфективно

 Партиските препукувања постојаното пролонгирање на носење закон за брзо финасиско и практично делување и денес остана камен на сопнување. Со тоа се отфрла стратешката заложба за приоритетното актуелно делување и кое би значело спречување на поголеми загуби на здравје и човечки животи. Оние што се на власт  велат  дека Коронавирусот нема да застане и да чека ВМРО-ДПМНЕ да игра политички игри и да го доведува во опасност јавното здравје, мерките мора да се донесат во најкус можен рок“. Вмро Дпмне пак  бара формирање специјална комисија која ќе биде контролор на сегапостоечката комисија за заразни болести. Позиционерите обвинуваат за деструкција на опозицијата  и понатаму тврдат дека, Комисијата за заразни болести е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија. И како на јавна трибина  граганите го вртат погледот еднаш кон левичарите потоа кон десничарите, на моменти се збунети, но и критични. Партијата на власт  најмногу се жали на моментот што заменик-министерката за финансии во техничката влада не го потпишала заемот од Светска банка, наменет за поддршка на здравствениот систем и подготовка на дополнителни болнички капацитети за есенскиот бран, со кој се соочуваме сега. За штипјани тоа значи пролонгирање на поставувањето на монтажните болници. Во моментов тие се неопходни, но доколку се случи да попушти позициско опозицискиот инает  проширувањето на инфективното оделение при штипската клиника најоптимистички би се случило по триесет дена.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет