Наместо во болница, пациентите со полесна клиничка слика ќе се лекуваат сами дома

Поради преполните капацитети  на инфективното одделение, надлежните генерално најавуваат заразените со коронавирусот со полесна клиничка слика сами да се лекуваат од  дома. Сите

 оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија.  Целта  е да им се помогне  на оние кои навистина имаат потреба од хоспитализација. Ова  денес до сите директори  на болници и на штипскиот клинички центар им го порача директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Стевановиќ изјави дека поради динамиката на приеми и исписи не може да се даде предвидување како ќе се полнат болничките капацитети, но она што може да се предвиди и на што апелираат е придржувањето кон мерките како единствен начин за лична заштита и превенција од ширење на вирусот.

Штипјани како по навика  масовно купуваат витамини и лекови за симтоматски терапија некои дома акумулираат резерви а други пак се самоуверени дека можат со помош на своите матични лекари а си бидат самите свои доктори.

Во однос на  дефицитарниот медицински кадар штипјани го делат мислењето дека не е тешко кога се мора и дека

  дека здравствените работници мора да ја издржат оваа битка.

„Едноставно мораме да издржиме, заради нас, заради вас, заради нашите и вашите семејства. Граѓаните мора да ни помогнат“, потенцираше директорката на Инфективната клиника и апелираше до медиумите да испратат порака до јавноста за почитување на мерките. Дополнително, таа апелираше и до инфицираните со Ковид-19 во целост да ги следат препораките на стручните лица, матичните лекари.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет