Донациите во ИТ техника не го поколебаат Советот на родители –Бојкотот на наставата продолжува

Најавите на Локалната самоуправа во Македонска Каменица за набавка на компјутер за секој ученик, преку средства собрани од  донации на лица и правни стопански субјекти. Не ги поколебаа членовите на Советот на родители. Денес, за М Нет говорејќи од името на сите родители на 350 ученици, кој во два наврата преку протести  ја манифестираа својата цврста решеност. Нивните основци да следат настава со физичко присуство велат дека, овој проблем нема компромисно решение. Училштето ги исполнувало сите  просторно-технички можности.

По 22 дена од почетокот на учебната година , продолжува оваа необична состојба. Дел од родителите бараа на министерската агенда да се најде и нивното основно училиште. Со цел да се надминат сите  погрешни делувања и секој да си ја лоцира, корегира сопствената  грешка.

Како функционираат учениците и целокупното одвивање на воспитно-образовниот процес, дали преку бојкот и самоучење од дома. Каменичките основци ќе успејат да ги совладаат наставните содржини, за кои наскоро ќе треба да им се впишат оценки во училишните дневници, засега никој не знае. Единствено е извесно дека, штрајкот продолжува  и во наредниот период.

За овој бојкот, се пласираат ставови на јавноста  преку разни социјални мрежи. Најприсутни се оние кои тврдат дека, бојкотот сепак има политичка позадина. Коментар со кој никако не се согласни членовите на Советот на родители.

Бојкот на наставата со помален интензитет е најавен и за следниот период.

Маре Стојилова / М Нет

Игор Зиврев / М Нет