
Нов пожар на трева и нискостеблести растенија во Штип. Денеска гореше тревата зад стадионот, покрај пешачката патека.
Опасноста за пожари на оваа локација е зголемена во време на цветањето на тополите, кои испуштаат материјал сличен на памук.
Вчера сличен пожар се појави од спротивната страна на река Брегалница, во близина на детската градинка, клон „Астибо“.
На местото на настанот беше забележано присуство на полициски службеници, а пожарот успешно беше локализиран од страна на пожарникарите од ТППЕ – Штип.
Се препорачува во време на зголемен ризик од пожари, отпушоците од цигари да се гаснат претпазливо, и да се фрлаат прописно.
Трајче Андонов / М Нет
Видео: