
Градоначалникот на Штип Благој Бочварски, д-р Џу претседател на асоцијацијата за традиционална кинеска медицина во Македонија инфектологот д-р Дијана Шишкова Гајдарџиска од Клиничка болница Штип и директорот на Јавната Установа Центар за традиционална кинеска медицина – Штип , Мартин Каров ја претставуваа Македонија на видео конференцијата со кинеските медицински експерти посветена на актуелните состојби со Ковид-19. Покрај Општина Штип учествуваа и експерти, министри и секретари од Германија, Чешка, Португалија , Холандија и Црна Гора.
Овие конференции се од значителна помош за нашата држава и регионот во борбата со пандемијата. Конференција беше одлична можност да слушнеме како кинеските експерти се справуваат со Ковид-19. На коференцијата се презентираше и лек кој покажал извонредни резултати кај пациентите кои имаат поблаги симтоми.
Институтот на традиционална кинеска медицина во Си Чуан ,Кина овој лек го имаат донирано во Португалија.Градоначалникот Благој Бочварски упати барање до Амбасадата на Н.Р Кина во нашата држава и институтот за традиционална кинеска медицина во Си Чуан за одредена количина на овој лек како донација за граѓаните на Општина Штип во борбата со КОВИД-19.
-„Продолжуваме со борбата со Корона вирусот, а благодарение на донациите и советите од експертите заеднички ќе се избориме да ставиме крај на оваа криза.Во иднина продолжуваме со продлабочување на соработка со провинцијата Си Чуан и Амбасадата на Н.Р Кина во нашата држава за збратимување со кинески град со кој ќе продолжиме да соработуваме и да разменуваме позитивни практики.“ – изјави градоначалникот Бочварски по завршувањето на конференцијата.