Пожар на нива со житна култура во близина на регионалниот пат Штип – Плачковица

На 07.07.2021 во 15.27 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 15.20 часот во атарот на с.Таринци, Општина Карбинци, во близина на регионалниот пат Штип – Плачковица настанал пожар на нива со житна култура, сопственост на Г.С. од с. Таринци. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.