
Младите македонски одбојкари во Штип ги вршат последните подготовки пред претстојното Балканско првенство што ќе се одржи во Приштина, Косово. На собирот во Штип се наоѓаат поширок список на играчи кои вредно тренираат, се наменуваат со својот талент по што ќе се изврши селекција за тоа кои од нив ќе патуваат во Приштина. Тренерот Кристијан Ристевски на располагање има 22 одбојкари кои дисциплинирано и вредно тренираат а помеѓу нив се и петмина штипски одбојкари: Михајло Мирасчиев, Трајче Барбареев, Давид Киров, Кире Глаев и Филип Пуздерлиски. Условите за тренинг овде се добри,има доволно време да се направи увид во нивната форма по што ќе се одредат 12 одбојкари кои ќе патуваат за Приштина.
Во Штип се наоѓаат најмладите и најдобрите одбојкари од клубови ширум Македонија. Капитенот Лука Костиќ настапуваше за Струмица за да во новата сезона се пресели на 3 години во Бугарија. Она што е интересно е податокот дека повеќето млади одбојкари веќе го имаат помирисано сениорскиот тим откако минале на заеднички подготовки.
Инаку Балканското првенство во Одбојка – млади ќе се одржи во Приштина, Косово во периодот од 20 до 24 јули оваа година.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk