Во 2026 година, а заклучно со 22.09.2026 година, во Македонија се регистрирани вкупно 70 случаи на Западно-нилска треска, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 65 се водат како потврдени, а пет како веројатни.
Според место на живеење на заболените, 63 случаи се од Скопје, три случаи од Велес и по еден случај е од Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Тетово.

Регистрирани се 69 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.
Од регистрираните случаи, 52 или 74,3% се машки, а 18 или 25,7% се женски.
Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 57 (81,4%), седум се лица на возраст од 50-59, две лица на возраст од 40-49 години, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години. Просечната возраст изнесува 66,5 години (SD ± 13,2 години; min 25, max 85).

Со почеток на симптоми во септември се регистрирани 11 случаи. Кај 17 случаи почетокот на симптомите е во месец јули, два во месец јуни, а кај еден случај во месец мај.
Сите заболени со невроинвазивна болест (68) биле хоспитализирани, 66 во УК за инфективни болести и фебрилни состојби и по еден во Аџибадем Систина и Клиника Жан Митрев.
Испишани – 50 или 73,5% од хоспитализираните потврдени случаи; Сè уште на лекување – 9 (13,2%) од хоспитализираните потврдени случаи; Починати – 9 од хоспитализираните потврдени случаи;
Просечно траење на лекување (испишани/починати лица) – 14 дена.

Во текот на 2026 година, до 22.09.2026 година, регистрирани се 9 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест на ЗНТ со леталитет од 12,8% од регистрираните потврдени случаи. Сите починати лица се од машки пол;
Возрасна дистрибуција – просечната возраст изнесува 71,1 години (SD ± 6,4 години; min 62, max 83);
Починатите лица се од Скопје, само еден е од Куманово; Сите починати лица биле хоспитализирани; Кај осум починати лица се регистрирани коморбидитети.
Дијагнозата е потврдена со серолошко испитување на ликвор.

На 11.08.2026, ЦЈЗ Скопје пријави епидемија на Западно-нилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.
Во текот на изминатата недела (16-22.09.2026), пријавени се 5 нови случаи, од нив 3 се од Скопје и по еден од Велес и Тетово.
Текстот Пет нови случаи на западнонилска треска изминатата недела, досега вкупно 70 регистрирани во 2026, според последниот извештај на ИЈЗ е превземен од МАКФАКС.