Пожар во куќа во Кочани, нема повредени

На 22.02.2026 во 02.35 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул. „Гоце Делчев“ во Кочани, каде во моментот не биле присутни лица. Пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица Кочани. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани.