Пожарот кај село Лескавица во областа на Серта со опасност да се прошири и кон Штип. На терен горе дабова шума, а од правецот и брзината на ветерот зависи дали пожарот ќе се прошири кон Штип или не. На терен покрај ТППЕ Валандово биле и од извдничкото одделение од Штип. Командирот Дарко Коцев за М Нет телевизија вели чекаат на терен да се пушти и хеликоптер. – Бевме на терен со едно возило и тројца пожарникари за да видиме каква е ситуацијата. Пожарот е под границата на Штип, но има можност да дојде на наша страна, се зависи од ветрот. Од ЦУК ја следат ситуација и кажаа дека ќе го вклучат и хеликоптерот. – кажа Коцев. Овој дел гори веќе втори ден, а непристапниот терен е дополнителен проблем, додава тој.