
Нови павер елементи, беатон плочки доби крак од улицата Пиринска која се поврзува со улицата 4ти јули во Штип. Со ова според надлежните модерен и урбан лик добива секој дел од градот, односно освен асфалтирање на на цели улици, урабн лик добиваат и пристапните улици и краци од улици. Овој дел од градот бекатон плочки добива после повеќе од 50 години. Граѓаните кои живеат овде или секојдневно минуваат од овде велат со години газеле во кал и прашина и редно време е уличката да добие подобр изглед. Дополнително новата инфраструктура помага на еден начин младите да се задржат во градот и државата велат жителите.
„Сѐ што прават сѐ е убаво, инаку вака во правобитна заедница со кал со камења, а овоа е супер направено, дај Боже да се направи и нагоре секаде по малите улици. Ова е најдобро, најдобро, најдобро. Јас сум овде од 1965 година, овоа е првпат, после колку години, 50 години копач не е удрено.“ – велат граѓаните.

Инвестицијата за поставување на бектаон плочки е вредна 344 илјади денари и се пари обезбедени од Буџетото на Општина Штип, то ест парите на граѓаните се враќаат назад кај граѓаните. Вкупната површина е 300 метри квадратни.
Лаура Стојанова М-Нет