
Револт и гнев кај сточарите во државата, тврдат дека по третпат се излажани за ветувањата околу вакцините против овчата сипаница. Како што известуваат од Сојузот на одгледувачи на овци, в петок сточарите ќе се соберат на едно место во Штип за да се организираат за протести пред Агенцијата за храна и ветеринарство. Тие ќе бараат оставка од директорот поради доцнењето со обезбедувањето на вакцините. Во меѓувреме, овчарите ги затекнуваат зимата и снегот на планините, што дополнително ја отежнува навремената вакцинација. Сточарите бараат итно решение, стравувајќи за здравјето на стадата и можните последици од натамошното доцнење.
„За краток период за трет пат Директорот на АХВ ги излажa сточарите , затоа во Петок сточарите се собираат во Штип и кје се организираат за протести пред АХВ и ќе бараат оставка на директорот поради доцнењето со обезбедувањето на вакцините против сипаници од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Сточарите се соочуваат со сериозни проблеми. Додека вакцините доцнат, овчарите ги затекнува зимата и снегот на планините, што дополнително го отежнува навременото спроведување на вакцинацијата и ја зголемува загриженоста за здравјето на стадата.“, велат од Сојузот на сточарите
По тврдењата од сточарите и од Сојузот на одгледувачи на овди, дека вакцинација се уште нема, нашата редакција електронски побара став од АХВ. До моментот на емитувањето на прилогот, не добивме одговор. Доколку од Агенцијата ни биде достават одговор, дополнително истиот ќе го објавиме. Инаку, сточаритер и натаму бараат итна реакција од надлежните инстицуии, пред како што потенцираат последиците станат уште посериозни.
Иван Митев, М-Нет